| четврток, 6 декември 2018 |

Машки труп пронајден во шахта во Гевгелија

sahta

Утринава по полноќ во полициската станица во Гевгелија од страна на Медицински центар во Гевгелија било пријавено дека е донесено непознато починато машко лице.

Се работи за 42-годишниот Атанас М. од Богданци, кој бил пронајден и изваден од шахта од страна на вработен на бензинската пумпа “Шимов”, лоцирана на регионалниот пат Гевгелија-Богданци. На местото на настанот, до самата шахта биле пронајдени клучеви за одвртување на штрафови и три канти од кои едната полна со нафта.

Телото на починатиот кој инаку бил вработен како механички одржувач на бензинската пумпа и во тоа време не бил на работа, ќе биде предадено за обдукција.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top