| четврток, 6 декември 2018 |

Ја убил заради „Изненадување“ (Видео)

lalСакала да го изненади, тој ја застрелал. Детската игра „изненадување“ во Колорадо, САД, завршила со смртта на изненадувачката, 18-годишната Премила Лал. Сакајќи да го исплаши семејниот пријател, 21- годишниот Нерек Гели, незабележано влегла во домот, каде била и нејзините помали братучетка и брат. Скокнала од плакарот, а Гели  преплашен го зграпчил пиштолот и ја убил. Полицијата соопштила дека изјавите на сведоците за тоа што следувало – скокнување од плакарот и пукање со пиштол – се поклопуваат со резултатите на истрагата.

Нерек Гели е обвинет за загрозување на безбедноста поради невнимание, злоупотреба на дете и овозможување на малолетник да има пристап до огнено оружје, бидејќи пиштолот бил достапен и за 15-годишниот брат на Премила, кој бил кај него дома. Засега не е обвинет за убиство на Премила Лал. „Смртта на тинејџерката не била намерно предизвикана и е исклучително трагична“ – соопштила полицијата.

-Ја загубивме ќерката, не сакаме некој друг да го изгуби синот, бидејќи е несреќен случај, рекол таткото на Премила за медиумите во Денвер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top