| четврток, 6 декември 2018 |

Грција го одбила предлогот “Горна Република Македонија“

GREECE-MACEDONIA-UN-DIPLOMACY

Медијаторот на ОН Метју Нимиц од министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос слушна очекуван одговор, кој се однеува на добро познатите грчки позиции за прашањето за името на Македонија, јавуваат грчките медиуми.

Сите грчки медиуми јавија за средбата на Нимиц со Венизелос, истакнувајќи дека грчкиот дипломат на медијаторот уште еднаш му повторил дека неговиот последен предлог од април годинава не е прифатлив за Атина како основа за преговори.

Сепак, според „То Вима“, „Атина останува подготвена активно да учествува во преговарачкиот процес со цел изнаоѓање решение кое ќе придонесе за стабилност во регионот и ќе го отвори патот на Скопје кон евроатлантските интеграции“.

Весникот пишува дека Внизелос уште еднаш повтори оти Атина нема да преговара за идеи кои, пред се, не содржат географска одредница пред терминот „Македонија“, и второ, кои не се однесуваат на име за секаква употреба.

– Според дипломатски извори, шефот на грчката дипломатија го информира Нимиц и за неговите средби со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски. Венизелос му нагласил на медијаторот дека на решението за името треба да се гледа во пошироки рамки на соработка во Западен Балкан и оти Атина е подготвена, ако се постигне взаемно прифатливо решение, да и понуди финансиска помош на економијата на Скопје, пишува „То Вима“.

Истакнувајќи дека „Нимиц побара взаемно разбирање од Грција и Македонија“, весникот „Етнос“ пишува дека медијаторот сака да ја искористи ситуацијата кога Венизелос и Попоски во исто време ќе бидат во Њујорк кон крајот на септември, за да одржи уште една рунда состаноци.

За локалните медиуми уште е значајно и тоа што Венизелос грчките детални забелешки на Нимиц не му ги дал написмено, туку усно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top