| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски навивач платил 200 евра затоа што немал пасош во Јесенице

Цели 200 евра морал да плати македонски навивач кој што денеска при рутинска проверка од страна на словенечката полиција бил фатен во Јесенице.

Пред мечот со Летонија полицијата од навивачот кој бил сместен во Љубљана побарала да се идентификува при обид да влезе во салата и откако тој не носел со себе патна исправа која што ја оставил во главниот град на Словенија. Морал да плати цели 200 евра за да биде пуштен од полицијата и тоа откако бил проверен неговиот идентитет и дали бил пријавен како турист.

Согалсно словенечките закони секој граѓанин или странски турист кој не носи со себе патна исправа мора да плати глоба во висина од 200 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top