| четврток, 6 декември 2018 |

Загубениот старец кој преживеа 4 месеци на Андите јадејќи глувци

По цели 4 месеци откако прекина потрагата по Фернандо Гомез Сиркунегва, група алпинисти случајно го пронајдоа жив во импровизираната скривница. 58-годишниот Уругваец едвај имал сили да им ја отвори вратата на Аргентинците кои бегале од снежните наноси.

Фернандо Гомез Сиркунегва во мај тргнал да ја премина планината од Чиле до Аргентина, но неговиот мотор се расипал, па морал да продолжи пешки. Кога го зафатила силна снежна бура ја изгубил ориентазијата и останал заробен на Андите на 2.840 м надморска височина. Потрагата по него прекина поради екстремно лошите временски услови.

Фернандо останал жив јадејќи глувци и суво грозје.

Тој дехидрирал и изгубил 44 килограми, но лекарите се вчудовидени како останал жив, затоа што Фернандо бил пушач и пател од висок крвен притисок. Нивната прогноза е дека по неколку дена опоравување во болница, тој ќе може се врати дома.

Во 1972 година, 16 членови на еден уругвајски рагби тим, останаа заробени 72 денови во реонот на Андите, откако при една снежна бура се урна нивниот авион со 45 патници. Рагибистите патуваа за Чиле од аргентинската страна на планината, а патниците кои останаа живи по падот на авионот, преживеаја јадејќи делови од телата на своите загинати другари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top