| четврток, 6 декември 2018 |

Бројот на самоубиства во Грција драстично расте

Armed attack against a police station in AthensБројот на самоубиства во Грција во 2011 година се зголемил за 45 отсто во однос на периодот од пред избувнувањето на финансиската криза во оваа земја, јави ДПА.

Според податоците на грчкиот статистички институт ЕЛСТАТ и на невладината организација Климака, во 2007 година во Грција имало 328 самоубиства, додека во 2011 година тој број пораснал на 477.

Засега нема официјални податоци за бројот на самоубиства во 2012 година, но, според Климака, „цифрите се полоши“.

По избувнувањето на кризата во Грција беа зголемени даноците и намалени платите и пензиите, а без работа остана секој четврти Грк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top