Две компјутерски игри на скопската софтверска компанија „Сеавус“ влегоа во финалето на светскиот натпревар за најдобри апликации за мобилни телефони „BestAppEver“.
Игрите „Yatzy Ultımate“ и „Black Jack Ultimate“ влегоа во десетте најдобри социјални игри, во категориите Најдобри игри со коцки и Најдобри казино игри, во конкуренција меѓу 70 илјади апликации.
„Yatzy Ultimate“ е номинирана како една од најдобрите десет игри со коцки на светско ниво, и ја играат повеќе од 1.200.000 играчи во целиот свет, а најомилена е меѓу играчите од Скандинавија и Америка. Достапна е за речиси сите уреди на пазарот, во платена и бесплатна верзија: iOS, Windows 8 и Windows phone.
„Black Jack Ultimate“ е номинирана како една од најдобрите 10 казино игри во светот, која ја играат милиони играчи од цел свет, а најголем број се од Америка. Достапна е бесплатно за iOS уредите.
Гласањето е отворено, и игрите се’ уште можете да ги поддржите на интернет-страницата на „Best App Ever Awards“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.