| четврток, 6 декември 2018 |

Слон побегна од цирус и уби човек

slonСлон побегнал од циркус во близина на Париз и убил осумдесет и четиригодишен човек, соопштила денеска полицијата. Слонот вчера попладне, по обичај, настапувал во циркуска претстава по што бил вратен во кафезот.

Очевидци изјавиле дека слонот во тие моменти зграбил церада и ја ставил преку електричната ограда која се наоѓала околу кафезот, а потоа ги срушил препреките и приколките кои се наоѓале околу оградата.Слонот потоа тргнал кон еден повозрасен човек и го удрил со предниот дел од телото, фрлајќи го на земја.

Неидентификуваниот маж бил префрлен во болница, каде во текот на ноќта им подлегнал на повредите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top