Ги разбирам фрустрациите на неисполнетите ликови, кои во својот беден, мизерен, живот и немаат ништо друго направено, освен да “хејтаат” се што ќе им дојде, бидејќи никогаш не успеале да остварат некоја од своите желби.
А, ги разбирам и ликовите од типот на Бивис и Батхед, кои како првачиња молеа за малку внимание, за подоцна да го загубат контактот со реалноста од преголеми дози на алкохол и дрога, па сега од време на време знаа само да ОФФ-НАТ на нивните порталчиња.
Најинтересни ми се ликовите (анонимуси) кои молеа да станат славни, праќајки референци (ЦВ) дека ги бидува и имаат желба да работа спорт, од типот – Јас многу сакам… Имам талент… Бев член да детскиот театар при Македонското радио…
И кога сите тие заедно ќе ги соберете, ќе добиете луѓе (ма јок) ликови, кои за да не останат заборавени ( Господ знае кој воопшто би ги препознал на улица) ќе сторат се само за трошка внимание.
За наша (не)среќа и без нив (не)се може – вака популарниот спортски коментатор, Игор Трпевски му врати на Жарко Еден на Еден за видеото во кое тој го имитира легендарниот Трпе. Удри и по off.net и Трендо. Вкусно или не проценете, сами. Само ако вие го гледате тоа и ако ви работи мониторот, зашто нему не му работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.