Се ближи почетокот на новата, петта сезона на емисија „Еден на еден“ со Жарко Димитриоски.
Како што најави Жаре, емисијата ќе ја почне со многу изненадувања и познати гости. Во премиерната прва епизода како гости ќе ги гледате познатиот музичар Влатко Стефановски и режисерот на новиот македонски филм „Балканот не е мртов“, Александар Поповски.
Бранко не му беше гостин на Жаре, но, сепак, видете како се најде во емисијата.
Еве мал дел од шоуто што е подготвено за в недела, 20 октомври. Новата сезона почнува на телевизија „Алфа“ во 20.40 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


