| четврток, 6 декември 2018 |

Неделава сите патишта водат кон Скопско Кале – пиво и музика

Стартува во среда со ДНК, Васил Хаџиманов и Тони Китановски, продолжува со Нокаут, Тамара, Вера Јановиќ, петок е резервиран за Гуру Харе, Irish Stew и Гоце Саф, сабота за Тамбураши, Едно Мајка, Дани, ДЏ Славе, за во недела да се забавуваме со Јаков Дренковски, Електрични оргазам и Kanturovi… Сите патишта водат кон скопско Кале на овогодинешниот Пиволенд…pivolend

– Сите љубители на пивото на овогодинешниот фестивал ќе можат да дегустираат околу 40 видови пиво, домашни и странски, како и да уживаат во големиот избор македонска традиционална храна од десет различни ресторани. Оваа година фестивалот ќе има три стејџа со различен тип на музика, и тоа: главниот стејџ, ДЈ стејџот и кавер бенд стејџот. Би ја искористил оваа можност и би ги поканил сите граѓани на Скопје, но и граѓаните на другите градови од нашата држава, да дојдат и да го посетат ПИВОЛЕНД 2013, истакна градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Организаторот на оваа традиционална Манифестација, Пане Темов потенцираше дека годинава љубителите на пивото ќе имаат можност да дегустираат пива од македонски производители, но и онакви кои немаат можност да ги дегустираат секојдневно од производители од поблиските и подалечни земји, неизбежните германски , чешки пива како и пива од Англија.

– Фестивалот на пивото, Пиволенд, годинава на барање на посетителите се пресели повторно на Скопското кале, а како и секоја година до сега така и оваа акцентот го става на македонските пива, македонската храна и македонската музика. Прв пат оваа година пивопијците ќе можат да дегустираат 9 видови пиво од Англија, меѓу кои е и официјалното пиво на мега популарната група Ирон Маден, а се надевам дека понудата на пивски брендови ќе ги задоволи вкусовите на сите посетители. Цените на пивата ќе бидат навистина достапни, па така македонско пиво во чаша од 0,4л ќе чини 40 денари, лименка од 0,5л-50 денари, додека најскапите и ексклузивни странски бренсови пиво ќе чинат околу 200 денари, рече Темов, кој што додаде и дека целта на фестивалот е дегустација и уживање во пивото ,а не просто напивање, па затоа и пораката до конзументите да “дегустираат” одговорно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top