Тетовецот Низам М. (57) денеска починал во несреќен случај додека изведувал градежни работи во село Желино, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Според првичните информации несреќата се случила околу 10:40 часот кога сега починатиот во засега неутврдени околности и неутврдени прични изгубил рамнотежа и паднал од скеле здобивајќи се со тешки телесни повреди од кои починал на самото место. Низам М. бил вработен во фирмата „Голец Транс“.
Екипа на полицијата, истражен судија и јавен обвинител вршат увид на местото каде се случила несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.