Жената чиешто безживотно тело беше пронајдено во Кичево, е Французинката Валери – потврдија извори од МВР. Валери се водеше како исчезната од 25-ти јули, а нејзиното тело го идентификувал нејзиниот сопруг. Нејзиното тело било во фаза на распаѓање, но сопругот сепак ја препознал и потврдил дека предметите се нејзини. Причините за тоа како настанала смртта засега не се познати. По Валери се трагаше шест седмици, а беше исчезната по семејна расправија пред рамазанските празници.
Телото на починатата беше пронајдено обесено на дрво во шума во близина на хотелот „Панорама” во Кичево. Полицијата пронајде патики, чанта, облека и други предмети кои наликува на описот на предметите кои насебе ги носела Валери дента кога исчезнала.
Според непотврдените информации, 39-годишната Валери сама си го одзела животот со бесење, но официјално причините за смртта ќе бидат соопштени по обдукцијата која треба да се изврши во понеделник
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


