| четврток, 6 декември 2018 |

Сигурна само Србија , Црна Гoра во аут, Македонија зависи од Црна Гора

 

Малку опции на европското првенство во кошарка останаа за Македонија, eдинствената варијанта која нас не носи понатаму е денеска да се слави против  Летонија со минумум 10 поени разлика.

Истовремено  Литванија требада ја победи  Босна и Херцеговина што е релативно реално за разлика од третиот предуслов Србија да ја совлада Црна Гора.

Српскиот Селектор Ивковиќ веќе најави дека против црногорците ќе ги одмара своите тројца најдобри играчи со што делумно се потврдија најавите дека Србија вечерва не оди на победа.

Иако еден од српските најдобри играчи Богдановиќ вели дека нема никакви калкулации и дека србите одат на победа сепак мала е веројатноста северните соседи да се борат затоа што  доколку изгуби србија во втората фаза одат со 4 бода поради поразот против Македонија  .

Може ли спортскиот ривалитет меѓу двете српски нации кој може да се види на секој чекор дури и во Јесенице ќе се види вечерва доколку секако предходно Македонија победи против Летонија со десет поени предност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top