Пожарникарите се сомневаат дека некој постојано го подметнува пожарот, кој сѐ уште е активен и вчеравечер зафати досега најголема површина. Тие веќе тред ден, заедно со неколку сопственици на викенд-куќите, ноќта ја поминуваат гаснејќи го пожарот меѓу селата Миладиновци и Горно Коњаре.
Од Центарот за управување со кризи изјавуваат дека гори поголема површина на сува трева, стрништа и нискостеблеста шума и дека е можно е активирање на авионите за гасење пожари „ер трактор“.
Фото: Локално
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.