Синиша Михајловиќ претрпе многу критики од јавноста во Србија, а раководството на фудбалската федерација сепак одлучи да му понуди нов договор со важност до 2016 година.
Поранешниот фудбалски ас има лоши резултати како селектор на српската репрезентација и не успеа да се избори за настап во Бразил на СП следната година. Актуелниот договор му истекува во декември годинава, а објави дека ќе си замине ако Србија не се пласира на Мундијалот.
Понудата за продолжување на соработката со ФСС е подготвена, а останува да се види дали Михајловиќ ќе го исполни ветувањето за заминување, или ќе прифати да продолжи на кормилото на репрезентацијата уште 3 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја