| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалската асоцијација на Велс ja обвинува Македонија за инцидентот со Бејл

Националната фудбалска асоцијација на Велс ќе ги менува безбедносните правила откако двајца македонски навивачи за време на загревањето на полувремето на мечот Македонија – Велс во Скопје дојода во контакт со асот на Реал Мадрид, Герет Бејл.

Асоцијацијата ги обвинува македонските власти за инцидентот но ќе ги менува и сопствените процедури за заштита на фудбалерите.

Безбедноста на стадионот зависи од македонските власти и тие треба да превенираат навивачите да стапат во контакт со Герет толку лесно“ портпаролот на ВФА изјзвил за британските медиуми.

„Не беа само двајцата навивачи проблем, радио и ТВ новинарите исто така сакаа да се сликаат со него – сите сакаа пристап до Бејл“ се вели во изјавата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top