| четврток, 6 декември 2018 |

Внимателно со iPhone 4S, експлодираат

На една загребчанка викендов нејзиниот iPhone 4S и заѕвонил и експлодирал крај главата откако во текот на ноќта бил вклучен на полнење. претходно телефонот заѕвонил, но бидејќи спиеле сите таа споро реагирала и го оставила на ѕвони. Станала и тргнала накај телефонот кога iPhone заѕвонил по втор пат и експлодирал. На телефонот било пукнато стаклото, а звучниците поради експлозијата воопшто не постоеле. Парчиња се разлетале по целата просторија.

Интересно е тоа што и покрај експолозијата телефоноит и понатаму работел. Полначот бил неоштетен.

Слични случаи на експлозии на телефоните на „Apple“ се случиле повеќе пати во речиси сите делови од светот. Последниот случај беше пријавен во Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top