По импозантната актерска кариера, добитничката на „Оскар“, Пенелопе Круз се фати и за режисерската палка. Имено, актерката сними провокативен спот за линија на долна облека „Agent Provocateur“,а совен режијата напиша и сценарио за спотот.
Една од улогите во спотот доби и познатата руска манекенка Ирина Шајк, ианку девојка на еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо. Освен неа во спотот се појавуваат и многу други познати манекенки, а специјален гостин е актерот Хавиер Бардем, сопруг на Пенелопе Круз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


