| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобрата другарка на Јованка Броз: Веројатно често беше гладна, но не бараше помош

Јованка може за се да говори, но никогаш нема да се жали и да кука. Отсекогаш беше неверојатно јака жена и затоа сум сигурна дека и оваа битка ќе ја добие, вели најдобрата пријателка на Јованка Броз, Зора Никезиќ.

– Секогаш инсистираше таа да ме побара мене, а не јас неа. Често се случавме, барем еднаш месечно, но пред да се разболе два месеци не ми се јави. Знаев дека нешто не е во ред, а тогаш од нејзината сестра дознав дека е болна, се сеќава Зора.

Ни тогаш не верувала дека Јованка може да биде во толку лоша здравствена состојба, бидејќи ја познавала својата пријателка, која никогаш не се жалела на своето здравје.

– Никогаш не се жалеше ниту на тешкиот живот, иако знаевме дека едвај преживува. Јованка има многу роднини. Семејството Будисављевиќ е големо и еднаш се случило еден од нејзнините братучеди да сонува дека таа е гладна и нема што да јаде. Веќе следниот ден отишол кај неа со полн пакет храна, а таа немала со што да го послужи. Во домот имала само литар масло за јадење и килограм брашно. Веројатно честопати била гладна, но никогаш не бараше помош, раскажува Зорка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top