| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети за Катимерини: Република Северна Македонија или Горна Република Македонија

A leader of the Democratic Union for Integration (DUI) ,Ali Ahmeti greets to his supporters during the protest against violence during electorial campaign

Потребен е компромис за решение на името, Република Северна Македонија или Горна Македонија е прифатливо за нас, Албанците, сите знаат дека имаме две опции или влез во ЕУ или изолација, колку што сноси одговорност премиерот, толку сносиме и ние. – ова се главните точки од интервјуто на лидерот на ДУИ за неделното издание на весникот Катимерини.

Али Ахмети, по средбите со грчките министри за надворешни и за одбрана, а кусо пред да замине од Атина, ги објасни неговите позиции за еден од најтиражните грчки весници. Тој вели дека на Венизелос му ја потенцирал потребата за колку е можна поплодна соработка меѓу двете земји, но и дека е потребно Грција да ни помогне за евро- атлантска интеграција, а кај Атина постоел интерес тоа да го стори.

„ДУИ презеде иницијатива за динамично да се вклучи албанскиот фактор во процесот на изнаоѓање решение за името. Албанците во ФИРОМ се составен елемент и имаме и ние одговорност за нејзината судбина. Бидејќи не сме малцинство кое е дојдено од друга земја. Ние сме од таму и не интересира секој политички потег и секоја одлука, дали за името или за интегративниот процес и не оставаме некој друг да одлучува за нашата судбина. Колку што носи одговорност Никола Груевски, толку има одговорност и Муса Џафери како вицепремиер или јас како претседател на најголемата парија што ги претставува Албанците во земјата.“ – објаснува Ахмети.

Лидерот на ДУИ вели дека е потребно сите, и Брисел и САД да ги поддржат напорите на Нимиц, а дека ние немаме друг избор освен решение, преку компромис, за да се отворат вратите на НАТО и ЕУ.
„Верувам дека целиот политички врв во ФИРОМ знае дека имаме само 2 патишта. Изолација и интеграција. И јас сметам дека треба да го одбереме патот на интеграција а не на изолација, бидејќи изолацијата ќе не одведе до сиромаштија, разочараност, конфликти, регионални или меѓуетнички. “ – вели Али Ахмети за Катимерини, додавајќи дека Албанците во Македонија очекуваат земјата да се интегрира во НАТО и ЕУ.

Средбите на лидерот на ДУИ во Атина беа на една седмица пред посетата на медијаторот. Нимиц утре доаѓа во грчката престолнина, а се уште е непознато дали ќе се сретне со некој друг, освен со Венизелос. Од кабинетот на грчкиот премиер за Канал 5 рекоа дека не знаат и немаат нешто официјално за евентуална средба Самарас-Нимиц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top