| четврток, 6 декември 2018 |

Сеуште активни неколку пожари

er traktor avion pozar

Во текот на вчерашниот ден на територија на Македонија избувнаа пожари на неколку локации.

Синоќа избувна пожар на територија на општина Илинден, во селата Миладиновци и Ајватовци со кој е зафатена борова шума. Утрово пожарот е локализиран.

На територија на општина Петровец во Коњари избувна пожар за кој поради непристапноста на теренот гасењето од копно е оневозможено и по барање на градоначалникот на општина Петровец ДЗС утринава во 7.45 часот ги активира двата противпожарни авиони Аир Трацтор за локализирање на пожарот. Се очекува во текот на денешниот ден пожарот да биде локализиран.

На територија на општина Студеничани с. Варвара во текот на вчерашниот ден појавен е пожар на мешана шума. Според последните информации од подрачната единица на ДЗС, пожарот е локализиран. Во моментот на терен ангажирани се вработени од Караџица и едно возило од ППБ.

На територија на општина Карпош, на средно Водно денеска во утринските часови избувнал пожар. Во гасење на пожарот биле ангажирани две возила. Според последните информации пожарот е локализиран.

Дирекцијата за заштита и спасување будно ја следи состојбата со пожарите низ целата држава и по потреба ќе презема соодветни активности за нивно гасење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top