Премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи ќе се сретнат утре во Брисел во рамките на 16-та рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина. Во составот на српскиот преговарачки тим најверојатно ќе биде првиот вице-премиер Александар Вучиќ.
Брисел очекува во рамките на оваа рунда од дијалогот, повторно со посредништво на Кетрин Ештон, да биде постигнат договор околку прашањата поврзани со електричната енргија и телекомуникациите. Европски дипломат кој побарал анаономнаост, за Танјуг изјави дека евентуалното присуство на Вучиќ може да значи дека во оваа рунда разговори би можел да биде постигнат напредок за овие две прашања, за кои се преговара веќе две години.
Според кабинетот на Ештон, покрај прашањата за струјата и телекомуникациите, доминантна тема на утрешните разговори ќе бидат и подоготвките за локалните избори во Косово закажани за 3 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


