| четврток, 6 декември 2018 |

Незапамтен дебакл на Јута

И да го имавме Мајкл Џордан од најдобрите денови, немавме шанси за победа-рече исфрустрираниот центар на Џез, Ал Џеферсон

НБА ноќ без настапи на водечките. Од тие што котираат повисоко на конференциските табели бележиме настапи и победи, на Мемфис кај Филаделфија, од 103-100 и тоа најмногу по заслуга на Марк Гасол кој даде 27 коша и имаше по седум скока и асистенции, и на Чикаго кој дома славеше со Шарлот со 93-85.

Највпечатлива од изутрината, сепак е победата на Хјустон кај Јута бидејќи е екстремно висока и претставува најтежок пораз за клубот од Солт Лејк Сите во неговата историја. Тексашани ги распаднаа Џезерите со 125-80 што, во истовреме е и една од најубедливите победи во досегашниот тек од сезоната. Голема разлика на крајот и во соочувањето на Бруклин и Орландо 97-77, што беше сосема спротивно од тесните завршници во средбите:  Денвер – Индијана, 102:101, во која Андре Игудала даде победнички кош на 4 десетинки до крајот, и во дуелите: Вашингтон – Сакраменто 94:96 и Торонто – Г.Стејт 102:114.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top