| четврток, 6 декември 2018 |

Бејл се уплаши кога двајца македонски навивачи му се „фрлија“ во прегратка (ФОТО)

24-годишниот напаѓач на репрезентацијата на Велс, воедно и најскапиот играч во светот, остана збунет на полувремето на вечерашниот квалификациски натпревар против Македонија.

article-2414144-1BA97DD6000005DC-378_634x671

 

Двајца македонски навивачи истрчаа на теренот за да го сретнат нивниот идол Герет Бејл. Но, оваа непосредна средба со обожавателите очигледно го збуни и уплаши, не само младиот Бејл, туку и неговиот соиграч Адам Метјуз, кој скокна во негова одбрана.

article-2414144-1BA98299000005DC-157_634x534

Иако обезбедувањето веднаш реагираше и ги испрати македонските навивачи од теренот, целиот настан заврши со насмевка. Сепак Бејл, покрај поразот од 2:1, од Македонија ќе си го понесе и овој спомен, кога за момент остана преплашен од две момчиња кои само сакаа да го поздрават и да го гушнат.

article-2414144-1BA9CFFD000005DC-489_634x481

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top