Неколкумина непознати напаѓачи попладнево претепале ученик во Средното училиште „Димитар Влахов“ во Скопје.
Според податоци на СВР Скопје, 15-годишниот ученик Д.А., кој бил физички нападнат, побарал медицинска помош.
Засега не е позната тежината на неговите повреди, а се работи на утврдување на идентитетот на напаѓачите, како и за мотивите.
Инцидентот се случил во 17.40 минути непосредно пред училишето, кое се наоѓа на ул. „Трета Македонска Бригада” во општината Аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.