| четврток, 6 декември 2018 |

Шлагерскиот призвук се враќа на „Макфест“

makfestИ годинава Штип ќе пее во ритамот на традиционалниот фестивал за забавна музика „Макфест“. Фестивалот е закажан за 11 и 12 октомври, а организатор и реализатор на  манифестацијата е Општина Штип.

Кирил Панајотов, советник за општествени дејности при Општина Штип, на денешната Комисија за култура при Советот на општината рече дека оваа година се напушта моделот за ангажирање на фирма за реализација на фестивалот.

– „Макфест“ годинава има видеоизменет концепт, со што на 11 октомври, на првата фестивалска вечер ќе бидат исполнети практично сите 24 композиции во три одделни блока по осум композиции, а од кои најдобрите 18 ќе влезат во финалната вечер на 12 октомври. Се враќа фестивалот на стариот концепт, односно на композиции што имаат шлагерски призвук – вели Панајотов.

Општина Штип планира да потроши околу три милиони денари за фестивалот „Макфест“, а дел оде овие средства ќе бидат обезбедени преку покровители. Фестивалот „Макфест“ го реализира тим од Општина Штип, а уметнички директор е Драган Мијалковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top