Концертот на познатиот британски бенд „Кошин“, кој беше закажан за оваа сабота, 7 септември, во летниот клуб „Позитив“ во Битола, е одложен.
– Поради фамилијарен несреќен случај на водечкиот вокал Шиан Еванс, настапот на „Кошин“ ќе биде презакажан за друг датум, кој ќе биде познат во текот на наредните два до три дена. Се надеваме ќе наидеме на разбирање од ваше страна, се случуваат и вакви работи. Ова е наше прво презакажување на настан од ваков размер и се надеваме нема да се повтори и ветуваме „Кошин“ сигурно ќе настапат во клуб „Позитив“ – велат организаторите од „Горила продукција“ и клубот „Позитив“.
На настапот, кој беше закажан за вечерта пред најголемиот државен празник, Денот на независноста на Македонија, продуцентот Марк Дејвис, заедно со водечкиот и уникатен вокал на Шиан Еванс, требаше за првпат да настапат пред битолската публика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


