| четврток, 6 декември 2018 |

Браќа истепани со метална прачка во Градски парк

tepanje

Двајца скопјани синоќа биле крвнички претепани од тројца непознати во Градскиот парк во Скопје.
Според информациите од полицијата, 27 годишниот скопјанец А.И. и неговиот брат Д.И. се шетале низ Градскиот парк, кога две момчиња и едно девојче им се приближиле и почнале да ги удираат со метална палка по главата и телото. Поради повредите, браќата биле пренесени во Градската болница.
Истрагата на полицијата открила дека еден од напаѓачите е всушност 23 годишниот скопјанец И.М. и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top