| четврток, 6 декември 2018 |

Петнаесетгодишно момче претепано и избодено среде улица

noz

Петнаесетгодишниот Д.К. вчера попладне бил крвнички претепан и избоден од поголема група лица на улицата „Радушка“ во Скопје.

Малолетникот прво бил крвнички претепан од групата напаѓачи, а потоа еден од нив го избодел со нож во левата нога.

На момчето му била укажана лекарска помош во градската болница „8 Септември“ и потоа било пуштено на домашно лекување.

Полицијата трага по насилниците, кои без никаква причина го претепале момчето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top