| четврток, 6 декември 2018 |

Може ли Македонија да го напушти Европското првенство во кошарка???

По првите два меча на континенталното првенство во кошарка и катастрофалните одлуки на судиите кои што беа на штета на македонските кошаркари поради што немаме ниту еден бод, се појавуваат коментари според кои Македонија треба да си замине од првенството.

Ваквата варијанта особено се засили откако судиската тројка на мечот со Литванија повторно материјално ги прекрши правилата досудувајќи 4 слободни фрлања и топка за литванците а Македонија не беше излезена од бонус.

За напуштање се голем број од фановите кои своите ставови ги искажуваат на социјалните мрежи но и дел од кошаркарските работници блиски на репрезентацијата.

За потсетување, евентуално напуштање на турнирот ќе направи сериозни проблеми и за имиџот на организаторите и за ФИБА но последиците од таква евентуална одлука ќе бидат катастрофални за кошарката во Македонија.

Покрај огромните финансиски казни земјата може со години да биде исфрлена од сите натпреварувања кои ги организира ФИБА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top