| четврток, 6 декември 2018 |

Со новата зграда, пржат јајца на улица (Видео)

лондонНовата зграда во финансискиот дел на Лондон, која заради ликот популарно ја нарекуваат Воки- Токи, со денови ги забавува граѓаните и медиумите кои проверуваат колку точно изнесува температурата на уличката на која се рефлектираат сончевите зраци.

Новинар со тв екипа заминал на местото за да проверат дали е можно на асфалтот да испржат јајце, но за кратко и самиот се сокрил бидејќи, како вели, косата почнала да му мириса на изгорено. Јајцето секако дека се испржи и член на екипата со задоволство го изеде.

Според некои мерења, температурата на уличката изнесува 92,6 степени целзиусови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top