Светски познатиот готвач Рене Реџепи, кој со години добива светски признанија за неговите готвачки вештини, во емисијата на Антони Бурдеин, заедно со други водечки светски шефови, зборува за неговите сеќавања од детството поминато во Македонија.
Рене Реџепи е по потекло од Македонија, а во 2011 година беше избран за најдобар готвач на светот. Сопственик е на ресторанот НОМА во Копенхаген.
Минатата година беше на 11. место на листата на највлијателни луѓе на светот, а се најде и на насловна страница на весникот „Тајмс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


