| четврток, 6 декември 2018 |

Бан Ки Мун: Сега е време за решавање на спорот за името

„Прашањето за името долго време влијае на стабилноста на регионот. За време на мојата посета во јули го подвлеков значењето на решавање на ова прашање колку што е можно побрзо“ , изјавил Генералниот Секретар на ОН Бан Ки Мун на првата прес конференција годинава  во светската организација.  

На прашање на новинарот  на Webpublicapress (WPP) Ерол Авдовиќ, Бан Ки Мун одговорил дека се надева новата рунда преговори за името која почнува денес во Њујорк да донесе приближување меѓу двете земји.

Тој не сакал да коментира ниту една од идеите на медијаторот Нимиц затоа што тие сеуште се во фаза на разгледување. 

„Сега е времето да се најде решение“,  смета Генералниот Секретар на ОН.

„ Уште еднаш ги охрабрувам двете земји преку дијалог и визија да го решат спорот за да обезбедат долгорочни добри односи  но и да ја зајакнат стабилноста на регионот“ побарал првиот човек на светската организација . 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top