| четврток, 6 декември 2018 |

Измени во законот за прекршоци, ќе се плаќа казна и преку работа

 

nikola-gruevski-foto-645x360

Инспекторите под лупа. Нивната работа со предложените владини измени на Законот за инспекциски надзор ќе ја следи нова институција што се формира за првпат во земјава – Инспекциски совет. Инспекторите ќе мора да полагаат испит за лиценца, која ќе мора да ја обновуваат на секои пет години. Инспекторите ќе полагаат и психолошки тест и тест за интегритет. Годишно ќе бидат квалитативно оценети и според тоа колку е успешен или неуспешен инспекторот ќе добива и плата.

Владата предлага измени и во Законот за прекршоци. Со нив ќе се овозможи замена на глобата со општокорисна работа, судовите ќе можат да донесат одлуки без испитување, ако обвинетиот бил поканет, а не се појавил, и има јасни докази врз кои може да се донесе одлука. Како санкција ќе се изрече и забрана на вршење професија. Забраната може да се замени со паричен надомест. Сторителот ќе реши дали ќе ја прифати забраната или ќе ја откупи.

Владата со измените предвидува и формирање државна комисија, специјализирано тело што ќе постапува по втор степен. Досега не беше регулирано правото на жалба. Лицето досега имаше право директно да заведе спор. Тогаш судот не можеше навремено да ги реши големиот број случаи, вели Груевски.

Ова е чекот понапред со повисоки стандарди, ќе го спречиме уцените, и ќе ги намалиме трошоците за граѓаните. Овие законски измени, вели Груевски, треба да ги подобрат условите на граѓаните и да воведат правила на фер игра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top