Италијанските военопоморски сили со два хеликоптери испраќаат инспектори за да го проверат бродот за кој претходно денеска беше сигнализирано дека има проблеми крај грчкиот остров Крф, пренесоа светските агенции.
Портпаролот на италијанските военопоморските сили, капетан Стефано Теста, изјави дека бродот што плови под молдавско знаме „ Блу Скај М“, се наоѓа на околу 30 километри од Санта Марија ди Лука, една од најјужните точки на Италија.
Екипа од тројца инспектори на морнарицата ќе проверат дали има некаков проблем на бродот и дали е се под контрола.
Претходно денеска патник од товарниот брод телефонски сигнализирал дека пловниот објект имал проблеми и дека на неговата палуба и мало стотици незаконски мигранти.
Според информацијата на патникот, на бродот имало 600 мигранти.
Грчките военопоморски сили испратија фрегата и хеликоптер за да извршат инспекција на бродот во моментот кога минувал крај грчкиот остров Крф. Во инспекцијата се вклучија и два грчки патролни чамци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.