Претставници на грчката кошаркарска федерација побарале од организаторите на Европското првенство во кошарка во Јесенице официјалниот спикер на натпреварите на нашата земја да го користи името Македонија.
Во засега неформалната комуникација со организаторите и со ФИБА, Грците барале нашата земја да се претставува како ФИРОМ.
Словенците на тоа барање одговориле со официјалната позиција на ОН, каде што се вели дека кратенката не смее да се употребува за именување на Македонија и дека наместо тоа мора да се користи целото привремено име прифатено во ОН, поранешна југословенска Република Македонија, што е неприфатливо за Словенија, која ја признава Македонија под уставно име.
Во текот на натпреварот со Црна Гора, официјалниот спикер постојано велеше Македонија и ниту еднаш не го кажа целото име од ОН или кратенката.
Грците размислуваат за официјална жалба до ФИБА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција