33-годишниот Германец, Мирко Херцлер, кој иако нема ништо македонско во своето потекло, по две кратки службени посети на земјава, одлучил третиот пат, специјално да дојде заедно со својата долгогодишна љубов, 30-годишната Kаролин Редлин, и токму во центарот на Скопје да ја побара нејзината рака.
Заедно со идната сопруга размислуваат и свадбената церемонија да ја организираат во Македонија. Не се сигурни каде точно сакаат бидејќи, освен шареното и совршено Скопје, прошетале и во Прилеп и во околината, посетиле неколку манастири, пробале во различни градови различни специјалитети.
Фото: Дневник
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.