Турција распореди дополнителни сили за да ја засили својата долга граница со Сирија во случај на евентуална интервенција. Конвој од 20 оклопни возила во средата вечер се распореди на јужната граница. Турција ја зајакнува границата од почетокот на сирискиот конфликт во 2011 година. Од почетокот на 2012 значително се засили со тенкови и со артилерија, а Патриот ракети се распоредени низ градовите на југот.
Турција е меѓу земјите кои поддржуваат воена интервенција против сирискиот режим, со кого ги прекина дипломатските односи и згрижи повеќе од половина милион бегалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.