Полицијата во Марсеј откри мрежа на трговци со злато, која регрутирала девојчиња од 10 до 17 години од поранешна Југославија за кражба на накит. Накитот потоа бил препродаван во Белгија.
Во вчерашната рација во кампови во градовите Витрол и Бер запленети се два килограми златен накит, 6.000 евра и банкноти во други странски валути. Полициски извор наведува дека во текот на операцијата уапсени се шест лица, вклучувајќи и 40-годишен маж, кој се смета за главен организатор на мрежата.
Уапсените, чија националност не е прецизирана, се во притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


