После Карпош, најпознатиот Македонец со име и презиме Христијан Тодоровски, некогаш познат како Кико од „Македонски идол“, сега како мајстор за рингли, ќе учествува во новата сезона на реалното шоу „Фарма“.
Петтата по ред балканска „Фарма“ која од неодамна почна да се емитува и на „Алфа телевизија“, сѐ уште го нема својот прв македонски претставник. Иако првите чаршиски муабети беа дека фолк-легендата Благица Павловска ќе се најде во импровизираниот селски двор и куќарка, според ТВ „Пакет“, во најтесниот круг на изборот на учесници се најде и Кико.
Во најавената најдолга сезона на „Фарма“ до сега (120 дена) се очекува учество на повеќе Македонци, а ако меѓу нив се најде и Кико, тој ќе треба да се бања во буре, да го почитува редот и да врши потешка физичка работа, а организаторот на шоуто ќе се потруди го врати години наназад, како што некогаш живееле фармерите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.