Засега само неофицијални најави говорат дека во ФИБА има размислување да се преигра финишот од мечот Македонија откако на видео снимката било утврдено дека има техничка повреда на правилата. Судиите и тоа во два наврати направија кардинални грешки со непризнавање на кошот за Македонија и со досудување на аут за Словенија, иако јасно се виде дека црногорски играч ја исфри топката во аут со што директно се влијаело на резултатот.
Една од најдобрите опции за нас е да се доиграат преостанатите 1,6 секунди со тоа што би важел кошот за Македонија а топката би ја имале Црногорците.
Иако според правилата на ФИБА ова сценарио е речиси неверојатно, сепак навивачите и играчите се надеваат дека сепак ФИБА ќе се обиде да ја исправи големата неправда која им беше нанесена на македонските играчи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.