Двајцата Тетовци Дончо Стефановски и Александар Миланов кои што станаа ѕвезди на првиот ден од европското првенство во кошарка што се одржува во Словенија денеска ги послужи среќата и со картите.
Откако нашинци од Австралија понудија бесплатни карти за тие што немаат и ги дадоа на еден македонски новинар Дончо и Александар беа повикани на главниот разглас пред салата во Јесенице по што им беа предадени две карти за мечот со Црна Гора.
Младите тетовци денеска станаа популарни откако разговорот со нив го објави „Република“.
Доколку некој од гостите во Словенија има одвишок карти за другите мечеви може да се обрати во „Република“ од каде ќе бидат предадени на симпатичните тетовци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.