Европското првенство во Словенија почна со три изненадувачки победи на Летонија против БиХ, на Финска со Турција и на Велика Британија против Израел. Ако триумфот на кошаркарите од Балтикот против Босанците и не е преголемо изненадување, поразот на Турција од Финска влегува во редот на сензациите. Финците славеа со 61-55 и ги прокнижија првите бодови на ЕП.
Копонен и Салин беа најефикасни во победничкиот состав со по 12 поени, а кај Турците Арслан постигна ист број поени. Гонлум уфрли 11. НБА ѕвездите Туркоглу и Илјасова одиграа многу слабо и заедно имаа учинок од скромни 11 поени.
Во останатите натпревари и Полска не го оправда епитетот фаворит и загуби од Грузија со 67-84, а за шокантен почеток на ЕП се погрижи и Велика Британија со победа над Израел од 75-71 по едно продолжение. Во регуларниот дел мечот заврши 66-66.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.