| четврток, 6 декември 2018 |

Вежбата „Галеб 2013“ за спасување ВИП гости киднапирани на брод се изведува во Охрид

Денес и утре во Охрид, повеќе организациони единици при Министерството за внатршни работи ја изведуваат  националната вежба за превенција од тероризам насловена „Галеб 2013“, а којашто се организира во рамки на активностите предвидени со Акциониот план на Националната стратегија за борба против тероризмот.

Вежбата која ќе се одвива овие два дена се состои од повеќе етапи и според предвиденото сценарио вежбовните активности се насочени кон спасување на ВИП гости по нивно киднапирање на брод на Охридското  езеро.

Притоа, главна цел е да се согледаат капацитетите и подготвеноста за брза реакција на безбедносните органи во случај на киднапирање брод, како и да се детектираат евентуалните слабости кои би биле во функција на воспоставување нови механизми за соодветно спротиставување на терористичка закана од овој вид.

Предвидено е вежбата да ја проследи и министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top