Метју Нимиц следната седмица се враќа во Атина и Скопје во нов обид да се најде компромис за прашањето за името на Македонија. Во пресрет на декември, кога повторно ќе се дискутира за проширувањето на Европската унија, американскиот дипломат повторно ќе се обиде да ги испегла разликите меѓу двете страни, пишува „То Вима“.
Метју Нимиц следната седмица се враќа во Атина и Скопје во нов обид да се најде компромис за прашањето за името на Македонија. Во пресрет на декември, кога повторно ќе се дискутира за проширувањето на Европската унија, американскиот дипломат повторно ќе се обиде да ги испегла разликите меѓу двете страни, пишува „То Вима“.
Сепак, нагласува весникот, неодамнешната размена на писма меѓу двајцата премиери Никола Груевски и Андонис Самарас покажа дека јазот меѓу Грција и Македонија сѐ уште е голем.
– Груевски се обидува да постигне политички дијалог, по можност со средба на двајцата премиери, нешто што Атина не го сака. Во исто време, се враќа на стратегијата за одржување на општа позитивна атмосфера во Комисијата за датум за почеток на пристапните преговори и му прати писмо на еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Атина инсистира на тоа дека одлуките ги носат сите членки на Советот, но секогаш постои ризик од замор кај партнерите по ова прашање – коментира весникот.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, не се знае дали Нимиц в понеделник на средбата со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос ќе донесе нов предлог или повторно ќе се разговара за стариот.
„То Вима“ потсетува дека последниот предлог ’Горна Република Македонија’ беше одбиен од грчката страна затоа што е јасно дека Атина не прифаќа поставување на геграфската одредница пред уставното уредување.
– Во исто време, Атина изгледа дека е подготвена да игра со албанскиот фактор не само во Македонија, туку и пошироко на Балканот (на пример Косово), во рамките на реалистичен пресврт. Во овој контекст треба да се гледа и на средбата на Венизелос со Али Ахмети, лидерот на најголемата албанска партија во Македонија и владин партнер на Никола Груевски – коментира грчкиот весник и потсетува на средбата на Аврамопулос со Фатмир Бесими во мај годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.