Пожарот што во вторникот беше локализиран на територија на општина Чашка е реактивиран, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
На барање на градоначалникот на Општина Чашка, ДЗС за кратко време ќе активира два противпожарни авиони „ер трактор“ за локализирање на пожарот и да не се дозволи да се прошири.
Со пожарот е зафатена мешана шума, а поради непристапноста на теренот, интервенцијата мора да биде од воздух.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.