| четврток, 6 декември 2018 |

Метрополитот Тимотеј и муфтијата Сулејмани ќе го решаваат проблемот во Октиси

oktisi incidnenti

Трет обид за решавања на несогласувањата околу изградбата на црквата во Октиси. Градоначалникот на Струга Зијадин Села ќе се сретне со митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј и струшкиот муфтија Салим Сулејмани.

На 25 август муслиманите од селото Октиси се спротивставија на закажаното осветување на темелите на црквата Свети Димитрија, која се гради на темелите на стара црква на истото место. Тогаш во селото дојдоа и градоначалникот Села и владиката Тимотеј.

Во петокот се одржа средба меѓу владиката Тимотеј и градоначалникот Села на која не беше ништо конкретно договорено. На оваа средба не дојде муфтијата Сулејмани. Села минатата недела побара и привремена мерка од Судот за запирање на решението за градба на параклисот во селото Октиси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top