| четврток, 6 декември 2018 |

Ноел Кинсела ќе се обрати пред пратениците

g_kinsella_eurokinНа покана на претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски во официјална посета на Република Македонија престојува Ноел Кинсела, спикер на Сенатот на Канада, кој ја предводи делегацијата во чиј состав се и сенаторите Перси Доун и Салма Атаулахјан.

По средбата со Вељаноски, денеска е предвидено Кинсела да се обрати пред пратениците во македонскиот Парламент. Најавена е и средба со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска и со лидерите на петте верски заедници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top