Ученици кои се враќале од излет се виновниците кои вчера дури трипати се обиделе да предзвикаат пожар на ридот Тумбе кафе во Битола.
Како што вели за телевизијата „Тера“, командирот на противпожарната единица на Битола, Костадин Поповски, според изјава на очевидци, двајца ученици од средно училиште кои со групата се враќале од излетот што го имале кај Смолево, запалиле оган на две места – над радарот и кај трим патеката каде што има направи за вежбање. Две екипи на противпожарната едници интервенирале и го локализирале пожарот, односно не дозволиле негово проширување.
Поповски вели дека цела среќа е што веднаш се интервенирало, оти ако се зафател борот кој што го има на Тумбе кафе, штетите би биле големи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.